Речиси исчезна во ерупцијата: Вулканот кој покрена смртоносно цунами се смали за две третини

Научниците соопштија дека вулканот во Индонезија Анак Кракатау, кој по ерупцијата се урна пред недела дена предизвикувајќи смртоносно цунами, сега има само четвртина од својата големина во однос на онаа пред ерупцијата.
Анак Кракатау сега има обем од 40 до 70 милиони кубни метри, а од ерупцијата и цунамите на 22 декември изгубил 150-180 милиони кубни метри.
Врвот на кратерот бил на 110 метри височина во петокот, додека во септември бил 338 метри. Изгубил повеќе од две третини од височината и волуменот.
Во разорното цунами повеќе од 420 луѓе загинаа, а 40.000 мораше да ги напуштат своите домови.
Официјалните лица ги предупредија жителите да останат на километар оддалеченост од брегот на Сундскиот премин, кој ги одвојува Јава и Суматра, поради ризик од ново цунами.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
