Речиси 300 лица со варичела во Кавадарци

Речиси 300 лица со овчи сипаници се регистрирани за два месеца во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Како што информираше денеска Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, меѓу овие 300 лица не се оние кои заболеле во Кавадарци и Росоман и се лекуваат во домашни услови.
- Во октомври се евидентирани 140, а во ноември 138 пациенти со варичела. Ова е есенско зимски период кога вообичаено се појавуваат овчите сипаници, најчесто контактно по воздушно капков пат. Затоа бројките се очекувани, а тие варираат од ден на ден. Ситуацијата сепак не е се уште алармантна како во 2013 година, кога беше прогласена епидемија, а имаше околу 600 заболени за два три месеци, рече Јовановски.
Варичелата е најчесто присутна кај деца од претшколска и школска возраст. Јовановски препорачува заболените да се изолираат во домашни услови. Кај посериозните случаи, да се зема соодветна терапија по препорака од лекар.
- Ситуацијата се уште не е толку сериозна за да може да се прогласи епидемија. Ќе следиме како се движат бројките, па ќе реагираме соодветно, додаде Јовановски.
Ново на Сител
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
