Рецепт за победа на избори: Еве што ќе направи Путин
Станува збор за 42 милиони Руси, а Владимир Путин своето ветување го даде јавно на годишната конференција за новинарите минатиот четврток.
Првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин има намера во пресрет на претседателските избори во март 2018-та годна, една третина од Русите да ги ослободи од нивните долгови. Неговата одлука наскоро ќе се најде во рускиот парламент.
Според последните анкети кои што беа спроведени на почетокот на овој месец, помалку од 60% од граѓаните на Руската Федерација одговориле дека ќе излезат на гласање на изборите во 2018-та година.
Како што пренесуваат руските медиуми, предлог законот пристигнал до пратениците на Државната Дума во среда, за помалку од една седмица откако Владимир Путин вети дека ќе го отпише долгот во износ од 41 милијарда рубљи, односно околу 700 милиони долари.
Станува збор за долг на околу 42 милиони Руси. Доколку предлог законот биде усвоен, ќе бидат ослободени долговите на луѓето од транспортот, даноците за имот, односно таквите долгови кои што се акумулирале од 2015-та година навака. На тој начин пензионерите, воените ветерани и претприемачите ќе бидат ослободени од големи долгови кон државата.
Пратеникот од Државната Дума, Андреј Макаров истакна дека нивна задача е да се погрижат овој закон да стапи на сила на 1-ви јануари 2018-та година. Путин и претходно нудеше парични олеснувања на Русите во пресрет на изборите во 2012-та година во времето кога беше премиер, а сега повторно, пред избори ја користи истата тактика.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица