Реал со гол предност против Атлетико, Арсенал ги декласираше ПСВ, Борусија Дортмунд и Лил ремизираа во осминафиналето на Лигата на шампионите

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, актуелниот европски шампион Реал Мадрид победи со 2:1 (1:1) на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид и дојде до предност во пресрет на реваншот на „Ванда Метрополитано“. Карло Анчелоти ја доби првата битка, ќе видиме дали ќе ја добие војната против Диего Симеоне.
Реал Мадрид не можеше да побара подобар старт бидејќи Родриго откако ја прими топката од Валверде, влезе во шеснаесетникот од десно, а потоа со левата нога шутираше во голот на Јан Облак. Домаќините имаа иницијатива во првите 20 минути, контрола на натпреварот, но и два добри потези кои не ги комплетираа голгетерот и Винисиус Жуниор.
Хулијан Алварез потоа ја покажа својата класа. „Пајакот“ на Атлетико дијагонално од левата страна ја тргна пајажината од аголот на мрежата на Тибо Куртоа за молк на домашните навивачи, а на радост на 4.000 навивачи на „јорганџиите“.
Реал уште еднаш го зададе првиот удар во преостанатиот дел од натпреварот. Брахим Дијаз ја измеша одбраната, а потоа мајсторски ја турна топката во корнер на ново воодушевување на навивачите на „кралскиот клуб“.
Фудбалерите на Арсенал пак веќе се со една нога во четвртфиналето, откако „топџиите“ ги декласираа со 7:1 (3:1) ПСВ во Ајндховен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите и практично обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи.
Арсенал речиси сигурно ќе се соочи со подобриот од двата тима во четвртфиналето, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Борусија Дортмунд и Лил ремизираа 1-1 (1-0) во првиот двомеч од Лигата на шампионите во Дортмунд, па реваншот на 12 март во северна Франција ќе го реши следниот патник во нокаут фазата од елитното натпреварување на УЕФА.
Иако „милионерите“ важеа за фаворити во Германија, Лил заслужено освои бод со храбра и пред се дисциплинирана игра во вториот дел.
Резултати од осминафиналето во Лигата на шампионите (први натпревари):
Реал Мадрид (Шпанија) - Атлетико Мадрид (Шпанија) - 2:1
ПСВ Ајндховен (Холандија) - Арсенал (Англија) - 1:7
Борусија Дортмунд (Германија) - Лил (Франција) - 1:1
Клуб Бриж (Белгија) - Астон Вила (Англија) - 1:3
Во среда:
Феенорд (Холандија) - Интер (Италија)
Пари Сен Жермен (Франција) - Ливерпул (Англија)
Баерн Минхен (Германија) - Баер Леверкузен (Германија)
Бенфика (Португалија) - Барселона (Шпанија)
Реваншите се играат на 11 и 12 март.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
