-->
-->
Реал и Севилја во дуел за европскиот Супер куп
-->

Шпанските екипи Реал Мадрид и Севилја вечерва во норвешкиот град Трондхајм, ќе го играат натпреварот во УЕФА Супер купот.
Реал како актуелен европски шампион и Севилја која изминатите три сезони доминира во Лига Европа вечерва по втор пат ќе се сретнат во дуелот за првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
Реал Мадрид се соочува со проблеми во пресрет на овој меч, бидејќи поради повреди Зинедин Зидан не ќе може да смета на Кристијано Роналдо и голманот Кејлор Навас, додека продолжен одмор поради настапот на ЕУРО 2016 добија Герет Бејл, Тони Крос и Пепе.
Единствената добра вест во случајов е тоа што Карим Бензема е подготвен да заигра, а нему најверојатно друштво во нападот ќе му праи Алваро Мората кој летово се врати во редовите на „Кралевите“.
За Севилја ова ќе биде трето во низа учество во Супер купот. Во 2014 година во Кардиф, Севилја загуби од Реал со 2-0 со головите кои ги постигна Роналдо. Една година подоцна играа и против Барселона од која беа поразени на дуелот во Тбилиси со 5-4 по продолженијата. Севилја и во 2007 година остана без овој трофеј откако загуби од Милан со 3-1 на натпреварот одигран во Монако.
Сепак андалузиската екипа се надева дека ќе може да го повтори успехот од 2006-година кога ја победи Барселона со 3-0 и го освои досега единствениот трофеј во Супер купот.
Натпреварот Реал – Севилја ќе започна во терминот од 20 часот и 45 минути.
Потсетување дека домаќин на следниот дуел од УЕФА Супер купот во 2017 година ќе биде Скопје, односно Националната Арена „Филип Втори Македонски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
