Loading Video...
Фудбал
10. August 2022 - 14:52

Реал и Ајнтрахт вечерва во дуел за трофејот во Супер купот на УЕФА

Во Хелсинки вечерва ќе се одигра Супер купот на УЕФА. 
 
Актуелниот победник во Лигата на шампионите, мадридски Реал за противник ќе го игра победникот во Лига Европа Ајнтрахт Франкфурт.
За Реал ова ќе биде осми пат како ќе игра во Суперкуп на Европа, натпреварување во кое има освоено четири трофеи, последниот во 2017 година кога Суперкуп натпреварот се одигра во Скопје. 
 
Доколку „кралевите“ и вечерва победат ќе се израмнат со бројот на освоени трофеи со лутиот ривал Барселона и италијанскиот гигант Милан 
 
Ајнтрахт кој сензационално, но заслужено стигна до трофејот во Лига Европа за прв пат ќе игра во Суперкупот. 
Германскиот тим зад себе има само три финални средби. Првата во далечната 1960 и тогашниот Куп на Шампиони кога беше убедливо поразен токму од Реал со 7-3, резултат кои сеуште важи за рекорд во евро-куповите по бројот на погодоци. 
 
Дуелот меѓу Реал – Ајнтрахт што се игра вечерва на стадионот Олимпискиот стадион во Хелсинки ќе започне од 21 часот.