Реакција од кабинетот на министерот Поповски: Не е точно дека имало совети да се бега од новинарите, напротив, министерката Шекеринска одговараше на сите новинарски прашања
Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, ја демантира веста дека ги советувал ПР службите на министерката Шекеринска да бегаат од новинарите. Ваквата информација не е точна, а за тоа говори самиот факт што министерката Шекеринска даде изјава и одговараше на новинарски прашања после настанот за промоција на Стратегијата за едно општество, при што присутен беше и министерот Поповски.
Во дискусијата која претходеше на дадените изјави за медиумите, министерот Поповски им појасни на медиумите дека сите пораки за Стратегијата за едно општество ќе бидат презентирани на самиот настан, и дека организаторот на настанот не предвидел изјави за медиуми. Но, откако беше увидено дека новинарите се веќе позиционирани за изјава и бараат одговори на новинарски прашања, истите им беа овозможени, а министерката Шекеринска одговори на сите прашања.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ