Реакција од Кабинетот на Кирацовски на прес-конференцијата на Арсовска Томовска
Кабинетот на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација во реакција на денешната прес-конференција на министерката Марта Арсовска Томовска наведува дека фактот што досега ниту една пријава за политичко влијание и притисок врз администрацијата не стигнала до министерката и Министерството, укажувал дека граѓаните воопшто не им веруваат на, „партиските кадри во институциите, поставени од ВМРО-ДПМНЕ“.
- Граѓаните многу добро знаат дека изворот на сите нерегуларности во изминатиот период не може истовремено да биде и фактор за нивно решавање, се вели во реакцијата.
Прес-конференцијата на министерката, според реакцијата, не била поради нејзините заложби за фер избори, туку, како што наведуваат, „поради стравот од масовните претставки и пријави до кабинетот на дополнителниот заменик министер Кирацовски, од страна на граѓаните и вработените во државната и јавната администрација, кои за многу скоро ќе бидат процесуирани до надлежните институции“.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште