Реакција од Кабинетот на дополнителниот заменик-министер за труд по изјавата на Ременски

Денешната изјава на Фросина Ташевска Ременски во која искажа низа манипулации и лаги покажува во колкава паника се наоѓа пред заминување. Навредите и клеветите се нејзин обид да го прикрие сето незаконско и несовесно работење кое го направи во мандатот за кое до сега и се поднесени тужби и кривични пријави.
Користењето на возилата, за кое Ташевска Ременски прави политички маркетинг се врз основа на склучен договор и е во рамки на Законот и е поткрепено со документација. Исто така и вработувањата во министерството за труд и социјална политика се во рамки на предвидените законски процедури.
Немајќи резултати во својата работа, на Ташевска Ременски и остана само да измислува афери. Но секако граѓаните ќе ја паметат како најдеструктивен министер кој кочеше проекти во интерес на граѓаните и спроведуваше тортура врз вработените. Токму поради тоа против нејзе се поднесени 2 кривични пријави, 20 тужби и 2 прекршочни пријави за незаконско работење и злоупотреба на службена должност и направени прекршоци.
Во однос на денес изречените навреди и клевети ќе и биде поднесена тужба како и кривична пријава за лажно пријавување како и за сокривање на документација во министерството за труд и социјална политика.
Доаѓа време кога ќе биде извршена целосна ревизија на работењето на техничката министерка и во првиот и во вториот мандат за што постојат докази и аргументи.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
