Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
„Deep knowledge group“ чие истражување го презема „Форбс“ е групација формирана од Харвард и Оксфорд светски познатите универзитети.
СДСМ да не говори за лаги, кога во целиот хаос што го направија со справување со коронавирусот во државава, како и економската катастрофа, доволно се факти за да јавноста знае дека манипулираат секојдневно.
За СДСМ и оваа влада не се доволни светски реномирани рејтинзи по кои Македонија е на секое дно на листата, туку нивните срамни изјави дека блескаме и дека имаат контрола. Ниту блеска државата, ниту имаат контрола врз состојбата со пандемијата.
Лага не е тоа што дека сме единствена земја од регионот која се соочува со втор бран на новозаболени од вирусот, со најголема стапка на смртност на милион жители и најголем број на заболени. Додека власта се обидува да покажува прст на народот, бројките одат во нагорна линија секој ден, за помалку од 10 дена Македонија бележи 1016 новозаболени и 24 смртни случаи.
Заради лагите на Заев, Спасовски и Филипче, Македонија бележи катастрофи, страдаат граѓаните и нивното здравје.
Вистината е дека поради неспособноста на власта страдаат граѓаните и нивното здравје е доведено во прашање. Ковид кластерот СДСМ нема попаметна работа од тоа да оценува дали светски познати реномирани групации од кого преземаат истражувања, додека катастрофите дома продолжуваат.
Како Заев се погледнува секој ден во огледало, знаејќи дека со предизборните активности на неговата партија и инсистирањето за избори, ги чинеше граѓаните здравје и живот, додека тој се возикаше низ градовите.
Вистината е дека ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
