Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Шилегов

Постојат деловници за работа и тие мора да ги почитува Петре Шилегов, без оглед на неговите автократски аспирации. Работењето на Анкетната комисија е сериозно и вакви маалски финти тука не проаѓаат. Собранието на Македонија не е фејсбук профилот на Шилегов, за да ги ослободува фрустрациите обидувајќи се да наметне авторитет.
Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Шилегов на која го објави распоредот на испитување на сведоците пред Анкетната комисија.
- Целата јавност до вчера мислеше дека Петре Шилегов бара 2 гласа во Анкетната комисија, а тој денеска си додели право на 9 гласа. Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка. За него не постои ни деловник за работа на Собранието, ни деловник за работа на Комисијата, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Желбата на Шилегов да го диктира работењето на Анкетната комисија, се допдава, е во склад со демократскиот капацитет на неговата партија. СДСМ сака да диктира како ќе работат медиумите, банките, полицијата. Диктатот е потпис на СДСМ, а денес тоа го потврди и Шилегов.
- За ситни политички поени Шилегов по обичај се обидува да манипулира и лаже, и покрај тоа што како претседател на комисијата ги знае сите податоци кои треба да ги знае. Шилегов не успеа да одолее на приликата барем за кратко да се почувствува како сопственик на Анкетната комисија и да си ја реализира јавно искажаната желба неговиот глас да вреди повеќе од сите останати, желба која не му се оствари, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
