Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шекеринска

СДСМ во преговорите инсистираше во МТВ тие да предложат свое кадровско решение и ниту една манипулација на Радмила Шекеринска не може да го промени тоа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на потпретседателката на СДСМ.
- СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев може да глумат загриженост за независноста на медиумите, но тие се единствената партија која бараше санкции за искажано мислење и став на новинарите и која инсистираше уредникот на информативната редакција на МТВ да биде нивно кадровско решение, стои во реакцијата.
Никакви консултации со невладините организации под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во реакцијата, нема да ја сменат реалноста.
- СДСМ/Сорос немаат никакви аргументи зошто треба да биде сменет актуелниот уредник и зошто треба да биде предложено некое партиско решение, освен потребата на аболицираниот криминалец Заев да се обиде да инсталира послушници и во медиумите кои не му се под контрола, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги прочитаа сите лаги и манипулации на Заев и СДСМ.
- На граѓаните на Република Македонија им е доста од играриите на СДСМ и одржувањето на состојбата на криза во земјата, поради неспособноста преку програма, идеи и проекти да ја добијат довербата од народот. Казната за ваквото однесување на СДСМ доаѓа на наредните избори, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
