Македонија
6. September 2022 - 16:47

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот Стево Пендаровски

Пендаровски кој е слуга на Владата, да каже како отфрлање на билатерален договор кој е основа за асимилација е антиевропски Референдум?

Прв случај во историјата Претседател на демократска држава да не сака да го слушне народот.

Договорот со Бугарија е извор на сите негации на Македонија, македонскиот народ, историја и јазик. Со тој Договор, Заев наметна на државата товар со работи кои ниту Бугарските политичари пред тоа не се осмелувале да ги побараат

Договорот со Бугарија беше фрапантен и за најголемите Бугарски шовинисти. Кои не веруваа дека постои Македонски политичар кој ќе си ја негира нацијата и јазикот. И нормално дека откако Заев го проби дното, да доаѓаат се повеќе нови барања кои се понижување за држават. Затоа е време да ставиме крај на понижувањата.

Заев, Ковачевски, Пендаровски и СДС не се Македонија, тие се несреќен исклучок, кој никогаш нема да се повтори.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ