Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја чита Програма селективно туку целосно
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја следи програмата за работа на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
За посочениот парк во Карпош 4, рокот на реализација е од 2018 – 2020 година. Овој временски период е наведен и во самата програма (страница 21) и веќе се преземаат чекори во делот на прибирање на документација за почнување со активностите за изведба на големиот парк.
ВМРО-ДПМНЕ да не ја чита Програма селективно туку целосно.
Во Програмата може да го прочитаат и ветувањето за субвенција за купување на велосипеди во Карпош, мерка која веќе е во тек на реализација во Општината, за која се издвоени 300 илјади денари од Буџетот на Општина Карпош и истата е прифатена со големо задоволство од карпошани.
Во Општина Карпош се врши и надградба на градинката “Мајски Цвет” во Тафталиџе 2, каде што се зголемуваат капацитетите на постоечката градинка, со објект од цврста градба додека во Бардовци во финална фаза е изградбата на целосно нова градинка.
Во Карпош 4 е завршена изградбата и на нова и современа фитнес зона, која исто така беше дел од изборните ветувања на Богоев.
На полето на зазеленувањето на Карпош, само во изминатите две недели заседни се нови 155 висококвалитетни дрвја, рамномерно поделени низ повеќе урбани заедници. Многу зборови и лаги, но малку факти – типично за ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?