Реакција на Општина Струмица на прес-конференцијата на Васил Пишев
Општина Струмица во писмена реакција ги отфрла наводите за корупција на градоначалникот Зоран Заев кои денеска на прес-конференција ги изнесе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев.
Тој денеска рече дека Општината склучила договор за превоз на деца со посебни потреби до ООУ „Сандо Масев“ и вработени во администрацијата со фирмата „Тритерол“, која според Пишев, воопшто не ја вршела услугата, а парите биле обезбедени.
За Општината овие сомнежи се невистинити и, како што наведува, ВМРО ДПМНЕ со фабрикуван прес сака да го оцрни градоначалникот Заев и Општина Струмица.
- Вистината вели дека на распишаниот тендер на Општина Струмица за превоз на деца со посебнин потреби во ООУ „Сандо Масев“ , фирмата „Тритерол“ воопшто нема аплицирано, што подразбира дека и не можел да испорача услуга, се вели меѓудругото, во писмената реакција од Општина Струмица.
Оттаму додаваат дека доколку имало нешто незаконско, сигурно досега ќе било санкционирано.
- Можеле од ВМРО ДПМНЕ барем да најдат друг човек да ја држи денешната прес-конференција, оти Васил Пишев многу добро знае на кој начин се добиваат тендери во Општина Струмица, бидејќи тој и неговата фирма „Алмакс“ во времето на градоначалствување на Зоран Заев добивал тендери од Општина Струмица, како и повеќе други компании блиски на неговата партија, пишува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група