Реакција на Министерството за одбрана на обвинувањата на СДСМ
Министерството за одбрана на Република Македонија во писмената реакција на соопштението на СДСМ наведува дека минималната плата на почетник – професионален војник е 19.000, а во зависност од единицата на која припаѓа таа може да достигне над 33.000 денари.
- Тоа е далеку над невистинитата сума пласирана од СДСМ. Во однос на исплатата на надоместоците, фактите говорат дека истите за месецот кој го посочуваат, април, се целосно реализирани. Воедно, сакаме да нагласиме дека надоместокот за припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница се зголеми за цели 30 отсто, стои во реакцијата.
Министерството за одбрана, се посочува во реакцијата, функционира без никакви пречки ниту проблеми со средствата кои се одредени за одбраната. Од Министерството истакнуваат дека тоа се постигнува со добро планирање на расположливите средства и со домаќинско и ефикасно трошење на делот од буџетот наменет за одбраната, нешто што е незамисливо за СДСМ.
- Воедно, Министерството за одбрана реновира објект на јужната граница во кој се создадени мошне добри услови за функционирање на АРМ. Во поглед на модернизацијата, Владата на Република Македонија предвиде и одобри средства во висина од 300 милиони евра за период од 12 години. Потсетуваме дека СДСМ во Собранието гласаше против ослободувањето од ДДВ и царина за увозот на опрема за Армијата, со што всушност ги намали средствата за модернизација, се вели во реакцијата.
Од Министерството наведуваат дека Владата и Министерството за одбрана обезбедиле значајни средства за модернизирање на АРМ.
Во моментов, посочуваат од Министерството, два хеликоптери од воздухопловните сили веќе се во фаза на ремонтирање, а согласно плановите уште четири ќе се бидат упатени на ремонт до крајот на оваа година. - Процесот на аквизиција на опремата е започнат. Станува збор за специјални средства кои не можат да се набават во локалниот супермаркет и за кои е потребно време да се произведат. Процесот на модернизација е започнат и истиот ќе се реализира, без оглед на невистините кои ги шири СДСМ, стои во реакцијата на Министерството.
Оттаму потенцираат дека обвинувањата што биле искажани денеска за проектот „АРМ – мој вистински дом“, се апсолутно невистинити. Имено, нагласуваат, до крајот на месецов, поточно на 27 јули ќе има јавно отворање на понудите за избор на изведувач на првата зграда од проектот, по што, веднаш ќе се закаже електронска аукција за избор на најповолниот понудувач.
- Очекуваме во текот на септември да започне изградбата, односно да се стави камел темелникот. Досега веќе е направен избор на банка преку која ќе се кредитираат припадниците на АРМ при купувањето на становите, а Министерството ќе ја плаќа каматата за истите. Истакнуваме дека до целосната реализација на овој проект, Министерството и Армијата исплаќаат надоместок за закупнина на стан за припадниците на АРМ. Реализацијата на „АРМ – мој вистински дом“ и изградбата на овие станови за нас е обврска, тоа е нашиот даден збор пред припадниците на АРМ. За разлика од СДСМ ние ги остваруваме нашите ветувања, се вели во реакцијата.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Валандово
-
Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин
-
Процедурата е во тек, го чекаме исходот во секој момент, вели Филков за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ
-
Фјури за борбата со Усик: Ова е најдобриот противник со кој сум се борел
-
Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс
-
Подигнати 60 метри кубни од диви депонии во општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир
-
Вучевиќ: Крајната цел на опозицијата е со револуција да дојде на власт
-
Чаби Алонсо: Сега имаме 10 бода, три натпревари пред нас и се е во рацете на Баер