-->
-->
Реакција на ДПСМ за нападот врз седиштето на партијата
-->
Демократската партија на Србите во Македонија смета дека нападот врз седиштето на нашата партија е досега најсерозниот напад врз нашата организација, најсериозна закана за личната безбедност на нашиот Претседател како идеолог и носител на нашата политика и застрашувачка закана врз членството и симпатизерите на ДПСМ.
Заради серизноста на нападот не реагиравме веднаш со соопштение бидејќи очекувавме дека раководството на МВР посеризно ќе се ангажира, ќе се јави, ќе ги посети нашите простории, ќе даде некоја смирувачка изјава или слично, но бидејќи тоа не се случи, а ни претходното обивањето на партиските простори за време на сегашниот, тогаш привремен министер не е разрешено тогаш индициите се повеќе се јасни и недвосмислени, МВР се повеќе станува парапартијска полиција.
МВР заборава, односно намерно го премолчува фактот дека нападот врз седиштето на ДПСМ е исто што и напад врз седиштето на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, со уште една дополнително тешка квалификација, дека станува збор за напад на седиштето на политичка партија на помалата, српската национална заедница во Македонија. Не помогнаа тука ни нашите предупредувања упатени до ОБСЕ, за политичкиот ангажман на МВР на теренот во однос на делувањето и активностите на ДПСМ.
Демократската партија на Србите во Македонија заради мир во куќата сигурно нема да го развие мазохистичкото чуство на спремност на трпење.
На доброто, со добро ќе вратиме!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата