Македонија
29. January 2024 - 19:48

Реакции за вчерашното славење

Собраниската прес служба одговори на реакцијата на ЗНМ, тврдат дека поради голем интерес ја отвориле целата галерија за сите новинари и не ги привилигирале странските односно косовските. Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ со став дека журките од кабинетот на Груби се префрлиле во Собранието, а од денеска и во зградата на Владата. На што одговори ДУИ од каде велат дека помалиот коалициски партнер во владата ВМРО-ДПМНЕ само шири страв преку лажни вести.