Реакции по севернокорејската нуклеарна проба
Северна Кореја изврши денеска тестирање на нуклеарно оружје во комбинација со напредокот на Пјонгјанг во развојот на мобилната балистичка ракетна технологија, што претставува смртна закана за Јапонија, изјави јапонската министерка за одбрана Томоми Инада.
- Не можеме да ја негираме можноста дека Северна Кореја ги намалила димензиите до мерки прифатливи за производство на нуклеарни боеви глави, рече Инада.
Таа додаде дека јачината на потресот, кој следел по тестирањето укажува дека во никој случај не станува збор за хидрогенска бомба.
Јапонија исто така најави дека ќе ја разгледа можноста за воведување дополнителни санкции против Северна Кореја поради овој тест.
- Сите треба да покажат воздржаност и предизвикувањето хаос или војна на Корејскиот Полуостров не е во ничиј интерес, истакнува денеска кинеската државана агенција Синхуа во прва реакција по петтата нуклеарна проба извршена во Северна Кореја.
- Нуклеарната проба на Пјонгјанг „не е мудар потег“, но и одлуката на Јужна Кореја да распореди американски антиракетен систам исто така ја нарушува стратешката рамнотежа во регионот, оценува агенцијата.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлучно се спротивставува на нуклеарната проба и го повика Пјонгјанг да не презема акции што би ја влошиле ситуацијата.
- Сите провокативни акции на Пјонгјанг ќе донесат сериозни последици, предупреди денеска американскиот претседател Барак Обама, кој потоа имал телефонски разговори со јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
- Во својата петта најсилна нуклеарна проба лидерот Ким Џонг-ун стана „безобзирен манијак“, кој целосно ги ингорира светските апели да се откаже од развивање нуклеарно оружје, рече Парк Гуен-хе.
Францускиот претседател Франсоа Оланд остро ја осуди севернокорејската нуклеарна проба.
- Меѓународната заедница треба да се обедини пред оваа нова провокација од Северна Кореја, додаде тој.
Оланд го повика Советот за безбедност по ова очигледно ново непочитување на негови резолуции.
Претходно Советот за безбедност на ОН соопшти дека ќе има вонредна седница во врска со севернокорејскиот нуклеарен тест за кој се верува дека е најмоќен досега.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово