-->
-->
Развод вреден 38,3 милијарди долари
-->
Основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос по разводот од сопругата Мекензи Безос, ќе остане без дел од акциите во својата фирма, вреден 38,3 милијарди американски долари.
Двојката го објави разводот во заедничка објава на Твитер во јануари годинава.
Во април најголемата светска платформа за трговија, „Амазон“ објави дека четири отсто од акциите би требало да бидат регистрирани на име на Мекензи Безос, откако судот ќе го одобри разводот. Така, Џеф Безос задржува удел од 12 отсто, вреден 114,8 милијарди долари, па и натаму е најбогатиот човек на светот, наведува „Блумберг”.
Мекензи во мај соопшти дека половина од нејзиното богатство ќе оди во хуманитарни цели, т.е. ќе се приклучи на кампањата „Залог” којашто 2010 година ја покренаа милијардерите Ворен Бафет и Бил Гејтс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба