Разновидни културни активности на „COOLтурно лето Карпош“
Од 29 до 31 август, на плоштадот „Делфина“ во Влае 2 и на платото на „Млечен“ ќе се одржи 12. издание на „COOLтурно лето Карпош 2019“.
Оваа година, како што информираат од прес-службата на Општина Карпош, манифестацијата ќе се одвива на две различни локации, со цел да се привлечат граѓани од Карпош, но и од другите скопски општини.
Градоначалникот Стефан Богоев изјави дека акцентот е ставен на домашните изведувачи, млади таленти, но и на докажани имиња на македонската музичка сцена, но воедно ги покани сите граѓани да бидат дел од оваа манифестација.
Во четврток, првиот ден на годинешново издание на карпошово „COOLтурно лето“ почнува во 19:30 часот на плоштадот „Делфина“, со детската претстава „Зеленковци“ во изведба на Театар Провокација, потоа програмата продолжува со Жаре Еден на Еден, кој два дена ќе ја води програмата, а по него ќе настапат Гуру Харе, Антониа Гиговска, Мики Јовановски – Џафер и Емилија Колоска.
Во петок, исто така на плоштадот „Делфина“, од 19:30 часот, вечерта ја отвора култниот лик за најмладите – Петко 5+, а потоа следува перформанс на група од светски хорови кои се учесници на Меѓународен фестивал во Скопје, додека вечерта се затвора со познатата група „НОКАУТ“.
Во сабота, манифестацијата почнува со забава за најмладите на платото на „Млечен“. Од 18:30 перформанс на GP и Steffonator и со Слаткаристика, додека навечер ке настапуваат и Александар Митевски & Дац, а годинешното COOLтурно Лето ќе се затвори со поп – рок забава со Дани Димитровска и нејзиниот бенд.
Од општината информираат дека програмата е прилагодена за сите генерации: најмладите, тинејџерите, повозрасните и воедно ги покануваат сите граѓани да бидат дел од оваа културна манифестација.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи