-->
-->
„Разиграно Кратово” по повод Денот на културата
-->
По повод Денот на културата, 10 јуни, на платото пред Домот на културата во Кратово синоќа се одржа традиционалниот фестивал „Разиграно Кратово”. Оваа манифестација е во организација на Културно-уметничкото друштво „Ефрем Каранов” и Домот на култура „Лазар Софијанов”- Кратово.
-Пред бројна публика на манифестацијата настапија повеќе фолклорни друштва: КУД „8 Октомври” , Крива Паланка, КУД „Младост”, Нова Пазова, Србија, Ансамбл за народни игри и песни „Фолклорни бисери”, Скопје, Фолклорен ансамбл „Гоце Делчев”- Битола, ФА „Јанко Глигоров”, Свети Николе, КУД „Новаци” и домаќините од КУД „Ефрем Каранов”, Кратово. Манифестацијата започна со дефиле на сите учесници во центарот на градот, а неизоставен дел од настанот се мекиците, кои специјално за учесниците и гостите ги подготвија кратовски домаќинки на местото на настанот, изјави одговорното лице за комуникација со јавност при општина Кратово, Јасмина Давитковска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата