Разговорите од процесот „Жан Моне“ презакажани за мај
За мај се одложени разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, потврдија за МИА од канцеларијата на Вајгл.
Средбата, како што беше најавено, постоеше можност да се одржи од 15 до 17 март во Охрид и на неа освен пратеници од Собранието и тројцата европратеници се најавуваше присуство и на еврокомесарот Јоханес Хан. Главни теми првично на разговорите треба да бидат Деловникот за работа на Собранието и етичкиот кодекс, но претставниците на пратеничките групи во изминатиот период можеа и самите да иницираат прашања за кои би можело да стане збор на средбите.
Од канцеларијата на европратеникот Иво Вајгл истакнуваат дека средбата се одложува за мај само поради организациски причини.
Европратениците првично иницираа разговори во куќата на Жан Моне кај Париз и таа средба беше планирана за крајот на јануари. Но, поради неможност претставници на опозицијата да присуствуваат, беше одложена. Подоцна беше сменето и местото на овие средби, што треба да значат подобрување на дијалогот меѓу пратеничките групи по насилствата од 27 април минатата година во Собранието.
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција
-
Најсвежо утро во Лазарополе, најтопло во Дојран и во Гевгелија
-
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
-
Собранието ќе ја одржи 9. седница
-
Министерот Муцунски на НАТО работен појадок
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач