Македонија
24. January 2019 - 15:31

Разбојништво во скопска мобилара - испразнета цела каса

Разбојништво се случило вчера во салон за мобилни, крадецот ги одзел сите пари од касата. Според информацијата на полицијата, вчера  во 20.37 часот во СВР Скопје, вработен во салон на мобилен оператор на  булевар „Крсте Мисирков“ пријавил дека непознат сторител извршил разбојништво и ги одзел парите од касата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.