Македонија
18. јуни 2018 - 11:09

Разбојништво во познат маркет во Тетово - вработените во шок

Четири  маскирани лица ограбиле познат маркет во Тетово. Како што информира полицијата, вчера во 22 часот во маркет на ул. „Штипска“ во Тетово четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со ножеви од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.