Свет
8. October 2019 - 18:57

Разбиена најголемата нарко-банда во Велика Британија, прошверцувале 50 тони кокаин и хероин

Тринаесет мажи, на возраст меѓу 24 и 59 години, се осомничени за припадност на британски огранок на меѓународната криминална група. Тие од Холандија прошверцувале над 50 тони хероин, кокаин и марихуана, вредни повеќе милијарди фунти. НЦА прецизира дека за таа цел тие користеле фиктивни холандски и британски компании.

Обемот на криумчарење бил утврден откако во септември 2018 година биле пресретнати три карго од 351 килограм кокаин, 92 кг хероин, 250 кг марихуана и 1.850 кг хашиш, со вкупна вредност од 38 милиони фунти (42,3 милиони евра) во препродажба.

НЦА оценува дека дрогата во повеќе наврати била внесувана во Велика Британија во периодот меѓу февруари 2017 и октомври 2018., скриена меѓу зеленчук и сокови на товарни бродови до британските пристаништа.

Во рамки на истрага, во април во Холандија беа уапсени четворица мажи и две жени, кои ќе бидат екстрадирани на Велика Британија.