-->
-->
Раул: По тренингот ќе ја знам состојбата во екипата
-->

Европскиот и СЕХА шампион Вардар утре го игра натпреварот од 6.коло од СЕХА лигата. Во Скопје ќе гостува хрватскиот првак Загреб, екипа која Вардар ја победи на почетокот на месецот во дуел од Лигата на шампионите.
- Не очекува уште еден тежок натпревар против Загреб. Тоа е екипа со неколку нови играчи. Треба да бидеме концентрирани и мотовирани дека на првиот дуел пред десетина дена победивме со 3-4 разлика, но не беше лесно. Имаме проблем со повредени играчи и по денешниот тренинг ќе ја знам состаојбата во екипата. Но, ние сме фаворити и пред нашата публика мора да играме на победа, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
По големата победа над Барселона „црвено-црните“ пред репрезентативните активности ќе одиграат два дуела од СЕХА лигата со екипи од Лигата на шампионите Загреб (во Скопје) и Цеље (на гости во сабота).
- Загреб е силна екипа, за респект. Но, ние сме фаворити на секој натпревар од СЕХА лигата на домашен терен. Тоа значи дека во Скопје мора да се победува, изјави капитенот Стојанче Стоилов.
Ракометарите на Вардар попладнево ќе го имаат единствениот тренинг пред дуелот, што се игра утре во СЦ„ Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. Утре се игра уште еден натпревар Динамо Панчево е домаќин на Цеље.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
