Раул Кастро: Куба е солидарна со Венецуела во судирот со ОАС
Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Куба е солидарна и целосно на страната на Венецуела во нејзиниот судир со Организацијата на американканските држави (ОАС).
На Самитот на земјите од Карибскиот регион, Кастро изјави дека Хавана е на страната на „легитимната влада“ на претседателот Николас Мадуро, овинувајќи ја ОАС дека се претворила во „инструмент на империјалистичката доминација“.
Куба не е членка на ОАС уште од 1962 година, но по обновата на дипломатските однсои со САД, најавена е можност оваа островска земја да се врати во континенталната организација.
- Куба нема никогаш да се врати во ОАС, во сегашните услови на судирот на организацијата со Венецуела, истакна Раул Кастро.
Мадуро е во остар судир со ОАС по барањето на венецуелската опозиција за организирање референдум за негово отстранување од функцијата, но тој и владата го отфрлаат таквото барање.
Уставот на земјата предвидува отповикување на шефот на државата по пат на референдумско изјаснување, но Мадуро не ги прифаќа собраните преку 1,5 милион потписи, обвинувајќи ја опозицијта дека манипулирала со потписите.
По декемвриските парламентарни избори, опозицијата ја има целосната контрола врз Парламентот, но Мадуро управува со Владата и под негова контрола се судскиот систем и државната администрација.
Минатата недела, ОАС повика на одржување вонреден Самит за ситуацијата во Венецуела. Генералниот секретар на Организацијата Луис Алмарго оцени дека земјата се наоѓа во „институционална криза“, која мора итно да се разреши и побара санкции за Венецуела.
Николас Мадуро ги обвини ОАС и Алмарга за мешање во внатрешните работи на земјата и организира протести против Организацијата.
Куба и Венецуела се сојузници уште од времето на Уго Чавез, кој со Фидел Кастро склучи специјален договор, врз основа на кој Кубанците добиваат венецуелска нафта, додека за возврат илјадници кубански лекари и учители работат во Венецуела.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата