Ратификацијата на Протоколот за НАТО Париз ќе ја заврши до крајот на ноември или почетокот на декември
Ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО во Франција е во тек и процедурата треба да биде завшена до крајот на ноември или почетокот на декември, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната прес-конференцијата на која одговараше на прашања на новинарите по француското „не“ за одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија на Самитот на ЕУ.
-Процесот на ратификација го следи својот тек, нема никаков проблем во однос на тоа затоа што двата дома на Парламентот се брзи, но последната етапа треба да се случи на 21 ноември. Финалниот инструмент за ратификација, односно конечниот завршеток на процесот се случува во Вашингтон, согласно Вашингтонскиот договор, во текот на месец јануари. Тоа значи дека нашите процедури ќе бидат завршени до крајот на ноември или почетокот на декември, рече амбасадорот Тимоние прашан дали е можен уште еден шок од Франција и во однос на НАТО и евентуално непотпишување на протоколот за прием во Алијансата отфрлајќи секаква можност за тоа.
Францускиот Сенат минатата недела го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.
Досега 25 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Протоколот за членство на земјава во НАТО освен Франција го немаат ратификувано уште Холандија, Шпанија и Исланд.
Ново на Сител
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд