Ратификацијата на Договорот за добрососедство на Македонија и Бугарија во матичната собраниска комисија
Предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.
На седницата треба да бидат разгледани и предлог - законите за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, 1990, и на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за редовен воздушен сообраќај помеѓу и вон нивните територии. Во Собранието денеска седници треба да одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за надворешни работи.
Во Собранието седница денеска треба да одржи и Законодавно-правната комисија, со расправа за законите за изменување и дополнување на законите за Судскиот совет на Република Македонија и за заштита на сведоци, во второ читање, по скратена постапка, како и Предлог - законот за престанок на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија, исто така по скратена постапка, во второ читање.
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД