Расветлени кражбите во двете тетовски џамии
Две кражби што се случиле во две тетовски џамии минатата недела се целосно расветлени од страна на полицијата, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во првиот случај, рече тој, како осомничен дека е сторител на тешката кражба која се случила на 20. ноември во џамијата „Гам-гам“ е Б.Ш.(33) од Тетово кој вчера попладне околу 17 часот и 30 минути бил лишен од слобода и по извршениот разговор потоа бил пуштен. Претходно, кај него биле пронајдени и со потврда одземени компјутер, монитор, два звучника, рисивер од опрема за видео-надзор, два електрични радијатори и четири рачни часовници. Одземените предмети, нагласи Јосифовски, се вратени во џамијата „Гам-гам“ додека против Б.Ш. ќе следува соодветен поднесок.
Тетовската полиција вчера целосно ги расветлила и трите кражби на велосипеди оставени од верниците во дворот на Шарена џамија во Тетово,што биле пријавени минатата недела.
- Во овој случај осомничен е С.И.( 22 ) од тетовското село Рогле против кого ќе биде поднесена соодветна пријава додека велосипедите се пронајдени, одземени и вратени на нивните сопственици, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот