Расветлен е случајот со опожареното патничко возило во скопско Ново Лисиче

Во врска со настанот од 09.08.2020, кога околу 09.10 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на паркинг простор на бул. „Асном“ во нас.Ново Лисиче настанал пожар во патничко возило„сеат алтеа“, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје, при што биле зафатени и возилата во непосредна близина „фиат пунто“, сопственост на И.Н (41) и „мерцедес Е 270“, сопственост на К.С (73), двајцата од Скопје, од страна на полициски службеници од Полициската станица Аеродром е излезено на местото на настанот и откако пожарот бил изгаснат од Противпожарната бригада на град Скопје, било констатирано дека целосно изгорело возилото „сеат алтеа“, а делумно се опожарени другите две возила.
Од преземените мерки и активности со цел откривање на причините за пожарот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, преку извршени разговори и преглед на записи од безбедносна камера, констатирано е дека околу 09:20 часот, внатрешноста на возило „сеат алтеа“ се самозапалува, при што огнот почнува да се шири, а по кусо време оштетениот се обидува да го изгасне, но при отворање на една од вратите, пламенот се шири многу брзо и ја зафаќа внатрешноста на возилото и другите две возила.
По насоки на Јавен обвинител настанот е расчистен и квалфикуван како „пожар“.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
