Расте бројот на загинати во експлозијата во Кабул
Бројот на загинати во експлозијата во простории на банка лоцирана до американската амабсада во Кабул порасна на пет, а според последниот биланс ранети се девет лица, јавува БТА.
Претходно, авганистанските власти објавија дека во експлозијата на влезот на филијала на „Кабул банк“ загина едно лице.
Портпаролот на полицијата во Кабул, Басир Муџахид, изјави дека целта на нападот била приватната банка која се наоѓа на околу 500 метри од амбасадата на САД во Авганистан.
Засега никој не презеде одговорност за терористичкиот напад, но светските агенции не исклучуваат дека се работи за акција на талибански извршители коишто често вршат напади на банки на крајот на месецот, кога државната администрација и воените лица во оваа земја чекаат ред за плата.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена