Расте бројот на заболени деца од коронавирус, за 24 часа потврдени уште 34 случаи
Расте бројот на деца од 0 до 19 годишна возраст во Македонија кои се заболени од коронавирус. За едно деноноќие потврдени се нови 34 случаи на деца заболени од Ковид-19.
Податоците од Институтот за јавно здравје објавени вчера, а кои се однесуваат 4-ти јуни велат дека во Македонија вкупниот број на заболени деца од Ковид-19 е 296 односно има по 148 случаи поединечно кај деца на возраст од 0-9 години и од 10-19 годишна возраст.
На 3-ти јуни кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 129 и 133 случаи соодветно, односно вкупно 262 случаи на заболени деца од Ковид-19.
Објавените податоци, кои се однесуваат за состојбата со коронавирус за 2-ри месецов, покажуваат дека за 24 часа во однос на 1-ви јуни бројот на заболени деца се зголемил за 17 од кои најголем број се на возраст од 0-9 години.
Состојбата за 2-ри јуни вели дека кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 114 и 123 случаи соодветно, односно вкупно 237 позитивни случаи на коронавирус.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија на 1 јуни се регистрирани вкупно 220 случаи на деца заболени од Ковид-19, односно по возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 101 и 119 случаи соодветно.
Ново на Сител
-
Бајден повтори дека нема намера да се повлече од претседателската трка
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени
-
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта