Македонија
4. February 2018 - 16:11

Расте бројот на противници за терминот Македонија во Грција

Седум од десет Грци, односно 71, 5 отсто сметаат дека решението во спорот за името не треба да го содржи терминот Македонија. Само 22,3 отсто од Грците прифаќаат решение со сложено име. Ова го покажува последната анекта спроведена од солунскиот Универзитет Македонија и фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, а објавена во печатенотот изадние на грчкиот весник „Катимерини“. Споредено со претходна ваква анкета спроведена во 2016 година бројот на оние кои не го прифаќаат теримнот Македонија е зголемен за речиси половина односно тогаш овој процен тизнесувал 58 отсто, додека сложено име прифаќале 38 отсто од анектираните.

Во однос на тоа во чија корист работат големите сили и меѓународни организации одговорите на анкетираните се дека или се во корист и на двете земји, или во корист на Македонија.

И тоа 38.5 отсто сметаат дека активностите на ЕУ се во корист на двете земји, 32 отсто сметаат дека Брисел работи во корист на Македонија, додека само 5.5 отсто во корист на Грција. Слични се процентите и за активностите на Обединтетите нации и Русија, кои најмногу, според анкетираните, работат во корист на двете држави.

За разлика од тоа анектата покажува дека Грците сметаат дека Германија, САД и НАТО работеле во корист на Македонија. И тоа 38 отсто сметаат дека САД работат во корист на Македонија, 27 отсто во корист на двете земји, пет отсто во корист на Грција.  Слично, дури 33.5 отсто сметале дека Германија работи во корист на Македонија, 24.5 отсто во корист на двете земји, 5.5 отсто во корист на Грција. Дури третина Грци сметаат дека и НАТО Алијансата работи во наша корист.

Ваквите резултати според проферсорите на солунскиот унуверзитет биле загрижувачки со оглед на тоа дека централен стратешки избор на грчката дипломатија е вршење притисок за решавање на спорот со ПЈРМ преку западните институции во кои учествува Грција.

За 65 отсто од Грците, прашањето за името е важно, додека пак во однос на тоа кон која насока се движат активностите и позициите на политичарите во прашањето за името мнозинството анкетрирани и за Ципрас и за Мицотакис и за Коѕијас вели дека се во погрешна насока.

Најголем процент во однос на тоа дали активностите се во позитивна насока, има грчкиот архиепископ Јеронимос – 34,5 отсто, а и најмал во однос дали се во погрешна насока 41 отсто.