Растат тензиите пред погребот на Навални во Москва

Безбедносните сили во Москва денеска демонстрираа сила додека ожалостените се собраа на погребот на противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој почина пред две недели во затвор на Арктикот, јави ДПА.
Повеќе од илјада луѓе се собраа пред црквата во Москва, каде што ќе се одржи погребот на Навални, за да се простат од него.
Метални огради беа поставени околу голема површина пред почетокот на церемонијата на московската црква и гробишта, а десетици возила за итна помош и униформирани службеници зазедоа позиции од рано утрото.
Службениците ги проверуваат документите и личните работи на минувачите и има извештаи дека мобилните интернет услуги во областа се исклучени.
Почетокот на богослужбата е закажан за 14:00 часот по локално време во црквата во московската општина Марино. Имаше извештаи дека таму е објавена белешка во која се бара луѓето да не се сликаат или фотографираат. Погребот е закажан за два часа подоцна на гробиштата Борисов.
Портпаролот на Кремљ Димитри Песков прашан за Навални на редовниот брифинг со новинарите рече дека нема што да му соопшти на семејството на Навални на денот на неговиот погреб.
Во последните денови, полицијата уапси стотици луѓе кои положија цвеќе во спомен на Навални на локации низ целата земја.
Засилените безбедносни мерки покажуваат дека и по неговата смрт, Навални, кој беше главен ривал на претседателот Владимир Путин во последните години, останува значаен извор на загриженост за властите, јави ДПА.
Поддржувачите на Навални, роднините и поборниците за човекови права го обвинуваат Путин дека го наредил убиството на опозицискиот лидер. Кремљ ги негира обвинувањата и продолжува да се подготвува за изборите од 15 до 17 март, на кои се очекува Путин да го избере за петти мандат.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
