Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари

Бројот на туристите во јануари годинава изнесува 52 943, од кои 38,2 проценти се домашни, а 61,8 проценти странски, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Најмногу странски туристи во јануари годинава имало од Турција, 6 732, Србија, 3 563, Бугарија, 3 256, Грција, 3 060, ...
Во јануари се реализирани 103 983 ноќевања, 45,5 проценти од домашни туристи, а 54,5 проценти од странски туристи.
Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупниот број на туристи во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, е зголемен за 6,2 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 2,7 проценти. Кај домашните туристи во јануари има годишен раст од 10,1 процент, а кај странските за 3,9 проценти. Ноќевањата на домашните туристи се зголемени за 4 проценти, а на странските се намалени за 7,7 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
