Раст од 20,4 проценти во патничкиот патен превоз, најмногу во меѓународниот
Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во вториот квартал годинава изнесува 11 467 000 и во однос на истиот период лани е зголемен за 20,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 10,8 проценти, во приградскиот превоз за 29,4 проценти, во меѓуградскиот за 58,7 проценти, а во меѓународниот превоз за 62,6 проценти.
Во второто тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41 процент.
Статистичките податоци покажуваат дека според видот на превозот, за 14,9 проценти е зголемен бројот на патничките километри во градскиот превоз, во приградскиот за 30,9 проценти, во меѓуградскиот за 52 проценти, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 43,9 проценти.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација