Раст на осигурителниот пазар, добивката на друштвата 113,1 милиони денари

Осигурителниот пазар во првите шест месеци од годинава бележи раст, а остварената добивка пред оданочување изнесува 113,1 милиони денари. Агенцијата оценува дека пазарот е функционален, за што признание е тоа што на домашниот пазар се присутни осигурителни групации со голема традиција.
Раст кај бруто-полисираната премија во вториот квартал изнесува 5,25 милијарди денари со забележан раст од 6,87 отсто. Во делот на неживотно осигурување бруто-полисираната премија е 4,41 милијарди денари со раст од 5,52 отсто, а во осигурувањето на животот има двоцифрен раст од 14,52 отсто со остварена бруто-полисирана премија од 848,35 милиони денари.
Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека во вториот квартал во делот на неживотно осигурување се склучени 1.004.045 договори и бележат раст од 6,5 отсто.
Најголемо учество има осигурувањето од автоодговорност со 40,37 отсто, па потоа осигурувањето на имотот со 18,74 отсто.
Кај осигурувањето од автомобилска одговорност се забележува пораст од 5,01 отсто со БПП од 2,12 милијарди денари во однос на првиот квартал од 2018 година.
Незначителен пад од 0,05 отсто е забележан кај осигурувањето на имотот при истовремен пад и на бројот на склучени договори од 3,52 отсто. Кај физичките лица е забележан пад на бројот на склучени договори за 5,36 отсто, при што е зголемена бруто-полисираната премија за 13,52 отсто. Кај правните лица е забележано зголемување на склучените договори за 1,78 отсто, а бруто-полисираната премија има пад од 4,52 отсто.
Земјоделското осигурување има раст од 36,52 отсто, со бруто-полисираната премија од 241,16 милиони денари и склучени 3114 договори.
Здравственото осигурување, исто така, бележи раст од 44,91 отсто, каско-осигурувањето на моторни возила раст од 5,74 отсто, патничкото со 2,02 отсто и осигурувањето од незгоди со 12,10 отсто.
Двоцифрен раст од 14,52 отсто има кај животното осигурување каде што бруто-полисираната премија во вториот квартал од 2019 година изнесува 848,35 милиони денари. Најголемо учество од 88,49 отсто има осигурувањето живот со раст од 11,93 отсто.
Во понудата на производи на осигурување живот сѐ позастапено е осигурувањето на животот кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, меѓународно познато како unit linked осигурување, кое во вкупното осигурување на животот учествува со 11,41 отсто. Во вториот квартал се склучени 1.021 договор, што претставува 7,58 отсто од вкупниот број склучени договори за осигурување живот во периодот, додека, пак, вкупната БПП во периодот изнесува 97 милиони денари, што претставува пораст од 39,94 отсто во однос на истиот период од минатата година.
Во вториот квартал, покажуваат податоците на АСО, е исплатен износ на штети од 1,94 милијарда денари, што е пораст од 5,73 отсто. Друштвата за неживотно осигурување исплатиле 1,78 милијарда денари и во споредба со вториот квартал бруто-исплатените штети бележат пораст од 4,34 отсто.
Во вториот квартал до Агенцијата се пристигнати 52 претставки, од кои најголем дел или 40,38 отсто се однесувале во делот на автоодговорност.
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
