Раст на кредитите и депозитите и во декември

Раст и кај депозитите и кај кредитите е забележан во декември годинава. Според објавените податоци на Народната банка на месечна основа депозитите бележат раст од 3,4 отсто, а на годишно 9,5 отсто, додека кај кредитите растот е 1,9 отсто на месечно ниво и на годишно ниво шест отсто.
Во декември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за шест отсто на месечна основа, речиси во целост заради растот на депозитните пари. Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 14,6 отсто, при најголем придонес на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и депозитите во странска валута, додека краткорочните депозити во денари се намалени.
Кај кредитите на корпоративниот сектор, во декември, е забележано месечно и годишно зголемување од 3,3 отсто и 1,9 отсто, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат малку поголемо учество во месечниот раст, додека годишниот раст во целост произлегува од кредитите во странска валута.
Вкупните депозити на домаќинствата, во декември 2019 година, се повисоки за 3,1 отсто во споредба со претходниот месец, главно како резултат на зголемените депозитни пари. На годишно ниво, стапката на раст изнесува 7,9 отсто и е резултат на растот кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.
Во декември, кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,7 отсто, при што кредитите во странска валута имаат поголем придонес. Анализирано на годишна основа, кредитирањето на домаќинствата бележи раст од 10,5 отсто, при малку поизразен придонес во растот на кредитирањето во денари.
Во декември, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,3, отсто односно два отсто, како и годишен раст од 14,6 отсто и 12,7 отсто, соодветно. Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен растод 1,6 отсто и 1,4 отсто, соодветно. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,3 отсто и 2,6 отсто, на месечна и на годишна основа, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки е евидентиран месечен и годишен пад од 13,2 отсто и 1,7 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се понискина месечно и на годишно ниво за 0,4 отсто,односно 10,6 отсто.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
-

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет
-

11 лица приведени, а двајца завршиле во болница по групна тепачка во Шуто Оризари
-

ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош
