Раст на индустриското производство во декември 10,5 отсто
Индустриското производство во декември годинава бележи раст од 10,5 отсто, а растот за целата година, односно периодот од јануари до декември 2015 во однос на претходната година изнесува 4,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,1 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 19,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7 отсто, Капитални производи за 16,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,7 проценти.
Ново на Сител
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните
-
Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем
-
Набавиле кокаин и херион па го препакувале во угостителски објект во Охрид за препродажба