Распределни 1.468 ЦЕМТ дозволи за 2016

На денешната електронска распределба на дозволи за 2016 година, беа доделени илјада годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 стандарди и 468 за Еуро 6 стандарди. Ова е десетта година на распределба по електронски пат на ЦЕМТ дозволите. Превозниците добија можност за работа на територијата на 43 држави.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски обраќајќи им се на превозниците рече дека за 2016 година на располагање имаат вкупно 1.468 годишни ЦЕМТ дозволи, што е за 44 годишни дозволи повеќе во споредба со 2015 година. За возила со категорија „Еуро 2015“, на располагање има 1.000 дозволи, додека за возила со категорија „Еуро 6“ на располагање се 468 годишни ЦЕМТ дозволи.
- Прелиминарната листа од денешната распределба ќе биде истакната на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски и во наредните осум дена во електронска форма ќе можат да се поднесат сите забелешки во однос на распределбата, рече Мисајловски.
Информираше дека Министерството за транспорт и врски во континуитет оддржува состаноци на мешовитите комисии за меѓународен патен сообраќај, со цел да се овозможи дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои се остварува економска размена.
- Веќе е овозможен и целосно е либерализиран превозот со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија, Унгарија и БиХ, а воедно се обезбедени и дополнителни дозволи со повеќе земји, изјави Мисајловски.
Фокусот на Министерството е создавање непречен транспорт за македонските превозници и тоа останува приоритет.
- Уверен сум дека ова е вистинскиот и правилен начин за дистрибуција на транспортни дозволи, токму преку овој транспарентен систем на распределба кој девет години наназад веќе функционира, рече министерот Мисајловски и додаде дека целта е целосно елиминирање на секој можен сомнеж за манипулација со дозволите.
Електронскиот систем е функционален и се базира на доверба и транспаретност, а важен елемент на електронското аплицирање и распределба е можноста за двојна проверка на податоците, со што се овозможува корегирање на евентуалните грешки во системот.
- Исполнувањето на сите критериуми, покрај возниот парк и вработените, подразбира и остварување добри финансиски резултати, вкупен приход, остварена добивка и како дополнителен ефект ефикасно користење на веќе добиените ЦЕМТ дозволи, овозможува на секоја фирма и оваа година и наредните години да земат повеќе ЦЕМТ-дозволи, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Макамтранс.
Право на секоја земја е да направи одредено ограничување, објаснува Муратовска, во однос на намалувањето на бројот на дозволи за одредени земји.
- Грција, Италија, Русија и Унгарија се земји кои секогаш имаат ограничување и не дозволуваат пристап на сите транспортери на нивна територија. Бидејќи ќе се спроведува одредена повелба за квалитет што ќе треба да важи за сите 43 држави, условот е доколку секоја држава ги исполни тие услови, тие држави да ги симнат тие ограничувања, изјави Муратовска.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
