Расправија на бензинска во Гази Баба: Еден застрелан и еден прободен со нож
На 06.01.2021 во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице.
Подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност