Расправата за законот за ЈО заврши, Собранието ќе продолжи со 136. седница

Заврши расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Џафери даде пауза до 22:00 часот кога, како што најави, ќе почне 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање.
На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.
Седницата на која прва точка е законот за ЈО почна синоќа, но беше одложена за денеска поради големиот број пратеници пријавени за дискусија. Расправата по предложениот текст почна попладнево по повеќекратни процедурални забелешки, тензични реплики, контрареплики, обвинувања и контраобвинувања за криминал, како и по две паузи од по еден час. Владејачкото мнозинство остана на ставот дека со носењето на законот почнува вистинската борба против корупцијата и криминалот, а според ВМРО-ДПМНЕ законот е неуставен и се турка на сила со единствена цел – Заев и други владини функционери да се заштитат за сторениот криминал. Реагираше и Независната пратеничка група со остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ.
За изгласување на законот се неопходни најмалку 80 пратенички гласови, односно двотретинско мнозинство од парламентарниот состав. Гласањето мора да биде најдоцна до недела на полноќ, кога е последниот рок за распуштање на Собранието во пресрет на предвремeните парламентарни избори.
Спикерот Џафери вечерва рече дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти.
Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
