Расправата за ребаланс на буџетот продолжува утре

Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува утре во 11 часот. Во денешната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови.
Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните.
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ребалансот е задоцнет и дека Владата требаше поефикасно и понавремено да реагира, имајќи ја во предвид и војната и генерално сите ефекти кои подоцна дојдоа како економски неповолни.
– Очекувавме понови моменти во Буџетот, но за жал ништо ново. Станува збор за најрасипнички буџет досега, бидејќи е најголем во историја на економијата, но и најобемен во делот на буџетскиот дефицит.
Според него, Владата треба да пристапи со помалку оптимизам а повеќе реалност, за да имаат помалку разочарувања од граѓаните.
– Мерките што ги укина Владата молчејќи, а кои истекоа поради временски рокови но и неприфаќајќи ги предлозите од опозицијата и од граѓаните остава вакуум простор во кој нашата држава е единствената земја во регионот, а можеби и во Европа, која моментално на сила нема никакви ефективни антиинфлациски мерки. Вакво зголемување на буџетски дефицит не може да се каже дека е кратење на непродуктивни трошоци, ако се земе ставка стоки и услуги скоро никаде нема кратење. Не е буџет кој штеди, туку е буџет кој троши, додаде пратеникот Петрушевски.
Според пратеникот Бедри Фазли од ДУИ, во услови на енергетска криза и зголемување на цените на глобално ниво, одново реконструираниот буџет ќе обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на социјално загрозените граѓани, но и финансиска поддршка и ливкидност на компаниите.
Исто така, како што рече, со зголемување на минимална плата и со зголемување на пензиите ќе се ублажат ефектите од ценовниот шок.
Ново на Сител
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
-

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
-

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута
-

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
-

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез
-

Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
