Расправата за буџетот во турскиот Парламент заврши со тепачка меѓу пратениците | ВИДЕО
За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).
Пратеникот од Бурса од редовите на ЦХП му се обрати на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и го праша за Сезгин Баран Коркмаз, бизнисмен кој моментално е во затвор во Австрија, кој се соочува со бројни обвиненија во Турција и САД, вклучително и перење пари, поткуп и измама.
Шефот на пратеничката група на ЦХП, Еркан Ајдин, го праша Сојлу: Зошто се качивте во авионот на Сезгин Баран Коркмаз? Вашата слика е објавена. Рековте дека нема друг авион. Ќе му кажеве на претседателот“. Како одговор на ова, како што пренесува Б92, министерот Сојлу рече: Вие лажете, вие сте измамник. На тоа Ајдин „му вратил“, па Сојлу уште повеќе се налути.
Интервенирајќи меѓу двајцата, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП и потпретседател на ЦХП, Вели Агбаба, се обиде да ги смири страстите.
Но, во расправата се вклучија повеќе пратеници. По острата вербална расправа пратениците станаа. Најпрво дојде до меѓусебно пцуење на пратениците, по што следеше тепачка со тупаници.
Поради инцидентот седницата беше прекината.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи