Расправа за влијанијата на интегрираниот систем на управување со отпад
Јавна расправа за влијанијата на интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина.
Во рамки на расправата, како што е најавено, ќе биде претставена студијата за оцена на влијанието врз животната средина за Скопскиот регион, подготвена во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“.
Граѓаните на јавната расправа ќе можат да ги искажат своите коментари, да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.
Проект е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ИПА и спроведен од страна на „Енвироплан С.А.“ и неговите конзорциумски партнери. Тој има за цел постигнување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално годишно произведуваат 330.000 тони отпад.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?