Распишан повик за финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик
Учениците средношколци од семејства од социјален ризик ќе може да аплицираат за добивање условен паричен надоместок во висина од 12 илјади денари.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција информираше дека јавниот повик веќе е распишан и оти може да конкурираат учениците средношколци кои редовно посетуваат настава и потекнуваат од семејства приматели на социјална помош.
- Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември. Се предвидува ова парично право да се реализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие деца. Сите оние кои редовно посетуваат настава, односно присуствуваат на повеќе од 85 проценти од часовите, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка, истакна министерот Спасов.
За оваа намена годинава се одвоени 72 милиони денари и се планира финансиски да бидат поддржани околу 6.000 семејства.
Програмата за финансиска поддршка за оваа категорија ученици се реализира од учебната 2010/11 година и досега се инвестирани вкупно 409 милиони денари или финансиски се поддржани околу 46 илјади корисници.
Ново на Сител
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин