Рашфорд во Барселона

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (27) го напушти Манчестер Јунајтед и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, објавија синоќа двата клуба.
Рашфорд пристигна на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица со опција за откуп на неговиот договор за 32,5 милиони евра.
„Многу сум возбуден. Мислам дека тоа е клуб каде што соништата се остваруваат. Тие освојуваат големи титули. А она што го претставува клубот навистина многу ми значи. Затоа се чувствувам како дома“, изјави Рашфорд за Јутјуб каналот на Барселона.
Рашфорд одигра 426 натпревари и постигна 138 голови за Јунајтед во сите натпреварувања, но го загиби местото во првиот тим со доаѓањето на тренерот Рубен Аморим.
Во февруари, Рашфорд беше позајмен на Астон Вила, каде постигна четири голови на 17 натпревари.
„Рашфорд може да игра насекаде во нападот. Тој има одлична техника и е одличен шутер, карактеристики што сега може да ги покаже во дресот на Барса“, соопшти каталонскиот клуб.
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
