-->
-->
Расчистено разбојништво во Тетово, приведено лице од гостиварско
-->
На 21.09.2023 околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток. Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи.
Инаку, М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен 48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска
-
Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалост во ООУ „Ј.Х.-Песталоци“
-
Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски
-
Кик бокс клубот Шампион од Балкан бест фајтер со 10 медали
-
Кик боксот национален спорт број еден, македонските кик боксери освоија 117 медали на Балкан бест фајтер
-
Таткото на убиената Вања донесен во суд
-
Берово: 23 годишен му се заканувал и се обидел да истепа државен инспектор, следува кривична пријава
-
Магла со видливост од 100 метри на планискиот премин Ѓавато